Гревовите на Галилео
Author:
Ѓунѓор Дилмен
Publisher:
Алманах |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Galileo' nun Günahları |
Num. of pages:
126 |
Dimensions:
19,5x12
|
Cover:
мека
Писателот, драматург, режисер и професор Ѓунѓор Дилмен (1930–2012) е претставник на современиот турски театар. Во своите делата обработува теми од митологијата и историјата, употребувајќи концизен, чист, современ и течен јазик со оригинални техники на изразување и длабока духовитост во смислата. Има објавено бројни драмски дела меѓу кои „Ушите на Мида“, 1959, „Гостилницата за живи мајмуни“, 1962, „Ќерките на џелатот“, 1962 и „Жртва“, 1967, „Златото на Мида“, 1969, „Јазолот на Мида“, 1974, „Бели богови“, 1976, „Стрелата на Акад“, 1982, „Гревовите на Галилео“, 2011, драмите во стих за деца „Сината шума“, 1979 и „Приказни со опашки“, 2003, трилогијата „Јас Анадолија“, 1984, историските драми „Хасан Сабах“ и „Митхат Паша“ и др. Драмите му се преведувани на англиски, германски, француски, италијански, шведски, арапски и на македонски јазик. Добитник е на еминентни награди во земјата, а неговите претстави се изведувани во повеќе земји меѓу кои Германија, Франција и Сингапур. Двочинката „Гревовите на Галилео“ ја обработува темата на судирот помеѓу науката и религијата како една од најголемите дилеми на современиот човек. Галилео, затоа што отстапил од своите научни погледи, бил обвинет дека извршил неверство кон науката, а потоа и кон човештвото. Претставата се темели врз три лика: Галилео, неговата ќерка Вирџинија и раскажувачот Винченцо, кој воедно е и негов ученик. И покрај тоа што турското општество длабоко ги почувствувало последиците од судирот на науката со верата, оваа тема не е многу обработувана во турската книжевност. Писателот Ѓунѓор Дилмен, според пишувањето на книжевните критичари, со своето последно дело „Гревовите на Галилео“ дава значаен придонес во задоволувањето на оваа празнина. Темата е актуелна и денес кога човековата свест и разум повторно се заробуваат од страна на екстремните појави и верски групи, кои се причина за повторување на немилите средновековни глетки. /
Questions and Answers
You are not logged in