Хари Потер и Реликвиите на смртта
Автор:
Џ. К. Роулинг
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Harry Potter and the deathly hallows |
Бр. на страни:
587 |
Димензии:
145/205
|
Корица:
тврда
Хари Потер го напушта домот на Дарслиеви на истиот начин како што и пристигна на Привет драјв бр. 4 – на џиновскиот мотор на Хагрид. Овој пат, сè е поразлично: тој веќе нема да се врати кај своите роднини, магијата што со години го заштитуваше е прекината, а зад неговите петици се смртојадите и лордот Волдеморт. Но, пред конечното соочување со Мрачниот господар, Хари и неговите пријатели мораат да ги пронајдат и да ги уништат преостанатите хоркрукси – зашто само така Волдеморт може да биде поразен и доброто да го надвладее злото.
„Хари Потер и Реликвиите на смртта“ е седмиот и последен дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.