Хемија I – Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование)

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Хемија I - Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование) | Num. of pages: 90 | Dimensions: А4 | Cover: /

Збирката опфаќа теми од предвидената програма по хемија за прва година во средното гимназиско и во средното стручно образование. Ова издание првенствено е наменето за учениците кои во основно образование, предметот хемија го изучувале според новата адаптирана програма и има за цел да им го олесни преодот од адаптираната програма по хемија во основното образование, во постоечката програма по хемија во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалвација). Следејќи ги наставните цели од наставната програма, збирката се состои од неколку дела што опфаќаат повеќе теми организирани во логични целини. Секој дел започнува со прашања за повторување што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематското знаење. За секој тематски дел се дадени тестови, предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците за одредени теми. Тестовите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. На крајот од збирката се дадени примери и за полугодишни и годишни тестови. Прашањата, задачите и тестовите се составени од домашни автори со долгогодишно работно искуство во наставата, кое јасно се одразува во изборот и во адаптацијата на содржините што се дел од оваа збирка. При подготвување на прашањата се водеше сметка за нивото на знаење, како и терминологијата што ја усвоиле учениците работејќи по адаптирана програма по хемија за основно образование. Збирката претставува важна компонента во дидактичкиот комплет по хемија во издание на „Арс Ламина“, како и незаменливо помагало во наставата по хемија воопшто.

Price: 250 ден

45 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Хемија I – Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование)

Categories: ,
SKU: 978-608-247-911-8

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Хемија I – Збирка прашања и задачи со тестови (за прва година средно образование)”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in