И Чинг или Книга на промените
Чинг, или Книгата на промените, е еден од првите напори на човековиот ум да се смести себеси во универзумот. Веќе три илјади години има силно влијание во Кина, а интересот за книгата се шири и кон Западот. Во зората на историјата била првично позната како книга на пророштва, Книгата на промените добила продлабочено значење кога на пророчките изјави им се вметнале етички вредности; станала книга на мудроста, а со текот на времето и една од Петте класици на конфучијанството, и останала заеднички извор за филозофијата на конфучијанизмот и таоизмот.
Преработката на Рихард Вилхелм на И Чинг на германски јазик, издадена во 1924 г., првпат ù ја претстави оваа книга на пошироката читателска публика во разбирлива форма. Џозеф Нидхам, авторот на Науката и цивилизацијата во Кина, рекол дека изданието е веројатно најдобриот достапен превод. Вилхелм, кој превел многу други стари кинески дела и напишал неколку книги за кинеската филозофија и неговиот близок однос со тамошните културни предводници, му овозможил уникатно разбирање на текстот на И Чинг. Во англискиот превод се преземени сите можни чекори за да се задржи Вилхемовиот пионерски увид во духот на оригиналот.
Ова трето издание, целосно преработено во практичен нов формат, содржи нов предговор од Хелмут Вилхелм, синот на Рихард Вилхелм и еден од највидните американски изучувачи на кинеската култура. Тој дискутира за пишаните методи на својот татко и дава краток преглед на неодамнешните изучувања на И Чинг и на Западот и во денешна Кина. Новото издание содржи помали промени во текстот, библиографски ревизии и првпат содржи и индекс.
Reviews
There are no reviews yet.