И во овој град се случуваат чуда

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: И во овој град се случуваат чуда | Бр. на страни: 74 | Димензии: 17 | Корица: мека

„И во овој град се случуваат чуда“ е најновото „чудесно“ од перото на Тијана Милиќ. Таа чудесно го води читателот низ дваесетина и нешто наслови што истовремено може да се сфатат и како раскази, но и како глави од еден кус роман. Зачудува вештината на авторката како го води читателот, или дејството, од приказна во приказна, сместени во само шест дена, колку што трае еден туристички разглед на нејзиниот град, на „дестинацијата без море“, но со сидро. Нејзиното Скопје по тие шест дена не е веќе само нејзино, туку и на туристите што катадневно ги води според една мошне оригинална туристичка тура. Дури и да сте скопјанец, откако ќе ја прочитате книгава, ќе посакате да го прошетате градот, иако мислите дека го познавате. Но низ очите на Тијана Милиќ, Скопје е град со душа и „ниедна прошетка“ низ него веќе нема да биде иста. „И во овој град се случуваат чуда“ е книга од љубов, но и за љубов. Сеедно кон кого.

Цена: 250 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product И во овој град се случуваат чуда

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-265-083-8

Questions and Answers

You are not logged in