И во овој град се случуваат чуда

Publisher: ПНВ Публикации | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: И во овој град се случуваат чуда | Num. of pages: 74 | Dimensions: 17 | Cover: мека

„И во овој град се случуваат чуда“ е најновото „чудесно“ од перото на Тијана Милиќ. Таа чудесно го води читателот низ дваесетина и нешто наслови што истовремено може да се сфатат и како раскази, но и како глави од еден кус роман. Зачудува вештината на авторката како го води читателот, или дејството, од приказна во приказна, сместени во само шест дена, колку што трае еден туристички разглед на нејзиниот град, на „дестинацијата без море“, но со сидро. Нејзиното Скопје по тие шест дена не е веќе само нејзино, туку и на туристите што катадневно ги води според една мошне оригинална туристичка тура. Дури и да сте скопјанец, откако ќе ја прочитате книгава, ќе посакате да го прошетате градот, иако мислите дека го познавате. Но низ очите на Тијана Милиќ, Скопје е град со душа и „ниедна прошетка“ низ него веќе нема да биде иста. „И во овој град се случуваат чуда“ е книга од љубов, но и за љубов. Сеедно кон кого.

Price: 250 ден

4 in stock

Compare
Sold By ПНВ Публикации

Report an abuse for product И во овој град се случуваат чуда

Categories: , ,
SKU: 978-608-265-083-8

Questions and Answers

You are not logged in