Иднината на умот

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The future of the mind : the scientific quest to understand, enhance, and empower the mind | Бр. на страни: 456 | Димензии: 21 | Корица: мека

Мичио Каку е професор по физика на њујоршкиот Градски универзитет, соосновач на теоријата на поле на струни и автор на научни книги, меѓу кои Хиперпростор, По Ајнштајн, Физика на невозможното и Физика на иднината. Бил домаќин на научни телевизиски емисии на Би-би-си, Дискавери и Саенс Ченел. Неговите емисии можат да се чујат на 130 радиостаници ширум светот. Пишувал за најугледните светски списанија и гостувал на најгледаните телевизии.

Во оваа книга, професор Каку на лесно разбирлив начин ни ги презентира досегашните сфаќања и откритија поврзани со човековиот ум и неговите ограничувања, но уште повеќе и неговите потенцијали. Во возбудлива низа од историски раскажувања и уверливи објаснувања, авторот нуди фасцинантна перспектива во разбирањето на мозокот, мислите, чувствата, стравовите и долгата низа несвесни пориви кои во голема мера ги формираат одлуките што ги носиме секојдневно. При тоа, професор Каку не уверува дека нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив.

Мичио Каку е оптимист за идниата на човештвото. Воодушевено раскажува за најновите технички, експериментални и дијагностички постигнувања што нудат извонреден увид во неистражените пространства на човековиот ум. Истовремено, однапред се радува на откритијата што допрва не чекаат во блиската иднина – забележувајќи јасен историски тренд, професор Каку нуди уверлива визија за човештво во блиската иднина – човештво кое со помош на технологијата ќе стане уште похумано и уште подобро.
Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 600 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Иднината на умот

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-641-9

2 оценки за Иднината на умот

  1. Rated 5 out of 5

    Ванчо Калајџиев

    Одлична книга, би требало секој да ја прочита, едноставно отвара нови видици и нови стилови на размислување

  2. Rated 5 out of 5

    Алек

    Предобра книга. Ја препорачувам на сите откако ја прочитав. Се надевам дека во скоро време ќе биде и преведено последното дело на Мичио Каку, Иднината на човештвото.

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in