Иднината на умот
Author:
Мичио Каку
Publisher:
Арс ЛИБРИС |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
The future of the mind : the scientific quest to understand, enhance, and empower the mind |
Num. of pages:
456 |
Dimensions:
21
|
Cover:
мека
Мичио Каку е професор по физика на њујоршкиот Градски универзитет, соосновач на теоријата на поле на струни и автор на научни книги, меѓу кои Хиперпростор, По Ајнштајн, Физика на невозможното и Физика на иднината. Бил домаќин на научни телевизиски емисии на Би-би-си, Дискавери и Саенс Ченел. Неговите емисии можат да се чујат на 130 радиостаници ширум светот. Пишувал за најугледните светски списанија и гостувал на најгледаните телевизии. Во оваа книга, професор Каку на лесно разбирлив начин ни ги презентира досегашните сфаќања и откритија поврзани со човековиот ум и неговите ограничувања, но уште повеќе и неговите потенцијали. Во возбудлива низа од историски раскажувања и уверливи објаснувања, авторот нуди фасцинантна перспектива во разбирањето на мозокот, мислите, чувствата, стравовите и долгата низа несвесни пориви кои во голема мера ги формираат одлуките што ги носиме секојдневно. При тоа, професор Каку не уверува дека нашиот ум, и покрај тоа што не е целосно разбран, е секако разбирлив. Мичио Каку е оптимист за идниата на човештвото. Воодушевено раскажува за најновите технички, експериментални и дијагностички постигнувања што нудат извонреден увид во неистражените пространства на човековиот ум. Истовремено, однапред се радува на откритијата што допрва не чекаат во блиската иднина – забележувајќи јасен историски тренд, професор Каку нуди уверлива визија за човештво во блиската иднина – човештво кое со помош на технологијата ќе стане уште похумано и уште подобро.
2 reviews for Иднината на умот
Questions and Answers
You are not logged in
Ванчо Калајџиев –
Одлична книга, би требало секој да ја прочита, едноставно отвара нови видици и нови стилови на размислување
Алек –
Предобра книга. Ја препорачувам на сите откако ја прочитав. Се надевам дека во скоро време ќе биде и преведено последното дело на Мичио Каку, Иднината на човештвото.