Играта на Ангелот
Автор:
Карлос Руиз Зафон
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
El juego del angel |
Бр. на страни:
583 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
мека
Каква може да биде оваа книга? Ако ги прашаме оние кои ја прочитале сенка на ветрот сите ќе се согласат дека оваа книга мора да е одлична исто како и другото дело на Зафон. Оној кој ја прочитал, знае, а оној кој не ја прочитал нека го направи тоа веднаш.
Барселона – дваесеттите години на минатиот век. Во турбулентното време во кое животот е тежок и неизвесен, младиот писател Давид Мартин, опседнат со невозможна љубов, добива понуда од мистериозен издавач да напише книга каква што никогаш не била напишана, во замена за богатство и можеби нешто повеќе... Низ контактот со таинствениот издавач, Давид се заплеткува во мрачна приказна што била почната пред многу години.
Колку повеќе се обидува да се извлече од комплицираната ситуација во која се наоѓа, толку повеќе станува дел од низа трагични случувања.
За да се појасни од старт морам да кажам дека „Играта на ангелот“ ни ги опишува настаните што им претходат на настаните во „Сенка на ветрот“.
3 оценки за Играта на Ангелот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Прекрaснa книгa, кaкo и. Сенкa нa ветрoт и трилoгијaтa зa мaглaтa. Зaфoн е зaкoн нa пишaниoт збoр! Гo oбoжaвaм секoе негoвo делo!
Anonymous (верификуван корисник) –
Слаѓан –
Odlicna, misteriozna, volsebna – Zafon e majstor! 🙂