Искра
Автор:
Анастасија Младеновска
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Искра |
Бр. на страни:
158 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Младеновска раскажува нежно, во тенки, пајажинести нишки како ткајачка од римската митологија или како лирски напев на Ацо Шопов; опоро и сурово како Зола; разумно и рационално како Волтер или Балзак; модерно како Вирџинија Вулф или Џејмс Џојс, постмодерно како Курт Вонегат. А сепак – раскажува како Анастасија Младеновска. Низ нејзиниот ракопис се сменуваат мириси и екскременти: лалиња, кафе, вино, мирисот на мајката, солзи, крв и сперма, но најмногу – солзи. Венко Андоновски Во македонската книжевност ова е еден редок обид од прво лице да се проговори за траумата што ја остава родово-базираното насилство и горките последици не само по оние врз кои е насочено, туку и врз останатите беспомошни сведоци, придружено со немото прифаќање и нормализирање на насилството од околината. Овој роман е всушност најсилен чин на симболичен протест преку кој авторката се соочува со минатото кое, како што самата вели, не ја штедело и ја натерало прерано да созрее, но истовремено и ја обликувало во самосвесна индивидуа која успешно се справува со неволјите на животот.Целта на овој роман е далеку од обид да предизвика сожалување или евтино внимание. Напротив, целта е соочување со траумата, храбро погледнување во нејзините очи и прогласување примирје и прифаќање, што всушност и е најголемата победа. Ана Василева
Оценки
Сѐ уште нема оценки.