Историјата на луѓето кои умреа од страв

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Историјата на луѓето кои умреа од страв | Бр. на страни: 288 | Димензии: 140х200 | Корица: /

Историјата на луѓето кои умреа од страв е шести роман на македонскиот романописец Ермис Лафазановски, кој на македонската читателска публика ѝ е познат по својот посебен стил и начин на раскажување.

Дејството на романот се случува во седумдесеттите години во Скопје и е поврзано со секојдневниот живот на неколкумина странци, кои се привремено сместени во една распадната барака на периферијата на градот. Тие се главно емигранти и политички бегалци, кои чекаат да биде решен нивниот статус и да го продолжат својот пат.

Антропологијата на стравот, манипулативните стратегии што го користат стравот како секојдневно оружје за затапување на сетилата за објективност е една од клучните теми што преовладуваат во романот. Ликовите за цело време на дејството се суптилно подложени на најразличните видови заплашувања што имаат за цел од поединецот да создадат послушен колектив.

Со овој несекојдневен роман, Лафазановски го потврдува своето високо, неприкосновено место во современата македонска проза, нудејќи роман што ги катапултира неговите луцидни раскажувачки постапки во впечатливо и целосно дело.

Цена: 315 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Историјата на луѓето кои умреа од страв

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-122-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Историјата на луѓето кои умреа од страв”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in