Историјата на луѓето кои умреа од страв

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Историјата на луѓето кои умреа од страв | Num. of pages: 288 | Dimensions: 140х200 | Cover: /

Историјата на луѓето кои умреа од страв е шести роман на македонскиот романописец Ермис Лафазановски, кој на македонската читателска публика ѝ е познат по својот посебен стил и начин на раскажување.

Дејството на романот се случува во седумдесеттите години во Скопје и е поврзано со секојдневниот живот на неколкумина странци, кои се привремено сместени во една распадната барака на периферијата на градот. Тие се главно емигранти и политички бегалци, кои чекаат да биде решен нивниот статус и да го продолжат својот пат.

Антропологијата на стравот, манипулативните стратегии што го користат стравот како секојдневно оружје за затапување на сетилата за објективност е една од клучните теми што преовладуваат во романот. Ликовите за цело време на дејството се суптилно подложени на најразличните видови заплашувања што имаат за цел од поединецот да создадат послушен колектив.

Со овој несекојдневен роман, Лафазановски го потврдува своето високо, неприкосновено место во современата македонска проза, нудејќи роман што ги катапултира неговите луцидни раскажувачки постапки во впечатливо и целосно дело.

Price: 315 ден

4 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Историјата на луѓето кои умреа од страв

Category:
SKU: 978-608-223-122-8

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Историјата на луѓето кои умреа од страв”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in