Поезија /Херои на нашето време
Автор:
Михаил Лермонтов
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
СОБРАНИЕ СОЧИНЕНИЙ В ЧЕТЫРЕХ ТОМАХ Поэзия; Герой нашего времени |
Бр. на страни:
339 |
Димензии:
135x200
|
Корица:
мека
Михаил Јуревич Лермонтов е еден од најзначајните претставници на рускиот романтизам.
Магнетизиран од силни страсти, лиризмот на Лермонтов е напнат до емоционална усвитеност, проткаена со продлабочена рефлексивност, која психолошката афективност ја пресоздава во осмислен литерарно-филозофски систем. Лермонтов во поезијата нуди сложен општествено-социјален опис на терминот што подоцна често ќе се користи: руска душа. Раскошен во своите чувства и талент, тој покрај ангажирани, создава и мноштво песни со таканаречени „чисти мотиви“ во кои доминира темата на љубовта и пејзажот, комплементарни подрачја во неговата поезија. Во нив поетот ја бара идеалната убавина, исконската ведрина и загубена целина на разгроменото битие.
Херој на нашето време е интимно-психолошки роман, во кој главниот лик Печорин живее во постојан судир меѓу неговата незаситна жед за живот и скепсата кон смислата на животот. Овој жесток внатрешен судир, тој го објаснува со зборовите: „Во мене се двајца луѓе: едниот живее во полната смисла на зборот, другиот промислува и го следи“. Во Херој на нашето време, Лермонтов успева да создаде лик чиј романтизам претворен во цинизам, вжештена крв и студена мисла, елеганција комбинирана со суровост, со векови ги привлекува читателите од многу земји.
„Говорејќи лично за себе, за своето Јас, големиот поет говори за општото – за човештвото. И затоа во неговата тага секој ќе ја препознае сопствената тага, во неговата душа секој ќе ја препознае сопствената душа, и во него ќе препознае не само поет туку и човек, свој брат во човештвото.“
Висарион Белински
Оценки
Сѐ уште нема оценки.