Југослав
Автор:
Ана Вучковиќ
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Југослав |
Бр. на страни:
102 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
„Југослав“ е роман за загубата на таткото, а со него и загубата на детството, но и на државата во која бевме деца. За генерациите што растевме за време на распадот на Југославија, но уште повеќе, за генерацијата пред нас, онаа на нашите родители, што имаа можност дел од младоста да им мине во Југославија каква што ја паметат југоносталгичарите. Тој кус период на спокој и на уживање, времето кога се работело од седум до три, а потем следувале семејните ручеци, попладневните дремки, дружење, двонеделни одмори на море... Ова е роман за сите ќерки што кога се гледаат во огледалото ја гледаат женската верзија од татка си. А кога ќе станеме мајки, ги бараме неговите црти и фацијални експресии во нашите деца. Роман за недостигот, за бизарноста на смртта. Роман во кој секој ќе се препознае себеси или своите блиски, напишан како интимна исповед, како роман на текот на свеста, питок и елегичен. Роман што ќе ве потсети на деталите од космосот на детството, но и на хаосот што зреењето и соочувањето со смртта го носат. Роман ‒ емоционален ролеркостер! Што ќе ве насмее и ќе ве расплаче во една единствена реченица. Јулијана Величковска „Југослав“ е една елегична поема за заедничкото време што хероината го поминала со својот татко, со особен акцент на времето поминато во убиената Југославија. Срѓан Средиќ Ана пишува за недостигот на работите за кои обично не мислиме дека толку ќе ни недостигаат. Може ли, воопшто, на човекот да му недостига нешто што не го ни имал? Може ли да ни недостигаат доживувања и чувства што допрва ќе ги доживееме и ќе ги почувствуваме или, пак, оние што никогаш и нема да ги доживеееме? Секако дека може. Кога ќе изгубиме некого или нешто, како што вели таа, со него си одат и неговите манири, начините на кои нешто работел, неговиот мирис. И тогаш сме по малку љубоморни на сите луѓе на таа возраст што ја имаат среќата уште да се тука. Оливера Лазаревиќ Овој роман е своевидна вивисекција на интимата внатре во општеството што своите правила ги поставило на многу едноставен начин, рапсодија на деструкцијата и несфатеноста, којашто никако да запре, и интерпретација на едно „друго тело“ што кореспондира со суровоста и со отуѓеноста. Сашо Огненовски
Questions and Answers
You are not logged in