Како да го излечите својот живот

Original title: You can heal your life | Num. of pages: 264 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Лујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзината клучна порака гласи: „Ако сме подготвени да ја завршиме менталната работа, речиси сè може да се излекува“. Во Како да го излечите својот живот таа ни нуди длабок увид во односот меѓу умот и телото. „Животот е навистина многу едноставен. Она што го даваме, тоа ни се враќа“, вели таа. „Она што го мислиме за себе, станува вистина за нас. Верувам дека сите, вклучително и јас, сме одговорни за сè што ни се случува во животот – добро или лошо. Секоја мисла што ја создаваме ја формира нашата иднина. Ние ги создаваме своите искуства со нашиот начин на размислување и со чувствата. Мислите што ги вртиме во главата и зборовите што ги кажуваме ги создаваат нашите искуства.“ Полн со идеи и стратегии кои биле успешни за милиони луѓе низ светот, овој практичен водич за самопомош ќе ви го промени начинот на размислување засекогаш! Истражувајќи го начинот на кој ограничувачките мисли и идеи нè контролираат и не ни дозволуваат да напредуваме, Лујза Хеј нуди моќен клуч за разбирање на физичките болести и непријатности. Инспиративна книга која ги трансформирала животите на милиони луѓе, длабоко менувајќи им ја свеста за влијанието што умот го има врз нашето здравје и благосостојба.

Price: 450 ден 400 ден

4 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Како да го излечите својот живот

Categories: , ,
SKU: 978-608-230-719-0

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Како да го излечите својот живот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in