Како да зборувате за децата да слушаат и како да слушате за децата да зборуваат
Author:
Илејн Мазлиш
,
Адел Фејбер
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2023
Original title:
How to Talk So Kids Will Listen & Listen So Kids Will Talk |
Num. of pages:
384 |
Dimensions:
20
|
Cover:
мека
Овој бестселер, кој веќе се смета за своевидно класично дело во полето на модерната детска психологија, напишан од меѓународно признати експерти за комуникација меѓу родители и деца, содржи голем број важни сознанија и предлози, но и методи (за коишто се покажува дека успешно го издржуваат тестот на времето) за решавање на честите проблеми коишто се среќаваат во рамките на оваа комуникација и за градење основи за трајни врски, вклучувајќи бројни иновативни начини за:
· Справување со негативните чувства на вашето дете, како што се фрустрираноста, лутината и разочарувањето.
• Изразување на вашите силни чувства без притоа никого да повредите.
• Остварување ефективна соработка со вашето дете.
• Поставување цврсти граници и одржување на добрата волја.
• Користење алтернативи за казнување кои поттикнуваат самодисциплина.
• Разбирање на разликата помеѓу корисните и некорисните пофалби за одделни поведенија.
• Мирно разрешување на семејните конфликти.
Ентузијастички фален и од родителите и од бројни експертиnод оваа област низ светот, пристапот на Фејбер и Мазлиш ги прави односите со децата од сите возрасти помалку стресни и, општо земено, повредни и позадоволувачки.
Reviews
There are no reviews yet.