Какво е времето таму горе?
Издавач:
Чудна шума |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Какво е времето таму горе? |
Бр. на страни:
44 |
Димензии:
205х205мм
|
Корица:
/
Кога единаесет годишно девојче ќе смисли приказна со интересни ликови, преку која ќе им го приближи и ќе им го направи забавно учењето на германскиот јазик на нејзините врсници (а и помали другарчиња), резултатот е „Какво е времето таму горе? / Wie ist das Wetter da oben?“. Малата авторка на оваа книга се вика Леона Стојковска, а илустрациите се на илустраторката и уметница Јулијана Росоклија. Сликовницата е полна со интересни, хумористични ситуации во кои главните ликови – едно глувче и една жирафа, разговараат со кратки дијалози (прашање – одговор, на германски и на македонски) – кои децата лесно ќе ги запомнат и со тоа ќе ги научат не само германските зборови, туку и цели фрази и реченици.
Questions and Answers
You are not logged in