Кал
Автор:
Николо Аманити
Издавач:
Магор |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Fango |
Бр. на страни:
326 |
Димензии:
20х14
|
Корица:
/
Николо Аманити (1966) е еден од најпознатите италијански писатели во последната деценија. Автор е на повеќе романи и збирки раскази. Книгата Кал, составена од шест раскази и една новела – Последната Нова година, претставува експлозивна мешавина од раскази за љубовта, сексот и насилството. Сурови и груби ликови што живеат на маргините на општеството, успешни деловни луѓе што во себе носат мрачни тајни, убави девојки што сакаат своето тело да го искористат за напредување во општеството... сите тие се појавуваат во расказите за да ја раскажат приказната за едно време и простор во кои секој е или плен или прогонувач. Аманити пишува филмски, динамично и прецизно, без паузи и многу рефлексии. Иако доминира мрачната атмосфера, текстовите изобилуваат со хумор и фантазија, што ги прави исклучително приемчиви за читање.
Questions and Answers
You are not logged in