Капетан Конан

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Capitaine Conan | Бр. на страни: 224 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Роже Версел (Roger Vercel, 8 јануари 1894 – 26 февруари 1957) е француски романсиер, раскажувач и мемоарист чии главни книжевни преокупации се војната и морето – првата по игра на околностите, втората наспроти нив.


Дејството на "Капетан Конан" се случува за време на Првата светска војна на балканските простори, непосредно по објавувањето на примирјето од 1918 година. Елитната единица доброволци, под команда на поручник а потоа и капетан Конан, во тој момент се наоѓа на Дунав во Романија каде што е пратена како поддршка, но во услови на намалена воена активност. Тоа е можност војниците да му се вратат на цивилниот живот, но и на воените судови. 

Норбер, пријателот и соборец на Конан, е поставен за поручник-известител со задача да води истрага за Французите обвинети за воени злосторства и потоа да ги изведе пред воениот совет. Конан е обвинет за убиство, но Норбер одбива да го предаде својот другар, па ја напушта функцијата и се враќа на фронтот. Таму, за време на последната битка – која се води неколку месеци по примирјето – се покажува како херојски водач и со помош на тогаш притворениот Конан, успева да излезе како победник. Иако низ учеството во оваа победа, Конан е рехабилитиран, како и во повеќето војни и воени романи, и овде приказната се затвора со трогателна и горчлива кода.

Цена: 250 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Капетан Конан

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-614-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Капетан Конан”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in