Книга за жалби и поплаки
Автор:
Антон Павлович Чехов
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
125x200
|
Корица:
/
Страниците на оваа Книга за жалби и поплаки ни отвораат многу нови светови на руската реалност. Во неа живеат безброј маргинални единки. Но Чехов раскажува токму за тие мали секојдневни теми и јунаци. Тие се стутулени во својот мал, зачаурен свет. Осамени се, несреќни и отуѓени. Исто како нас, кои живееме еден век по нив. Но и во ова време на висок технолошки развој малиот човек се судира со сите болки на Чеховиот јунак – изолација, самотија, неможност да се победат бариерите. Оние што се наметнати однадвор, но повеќе нашите внатрешни пречки што ни стојат на патот на личниот успех. А толку малку ни треба! Среќата е тука, околу нас, на дофат ни е. Треба само да ја подадеме раката. И да го направиме вистинскиот чекор.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.