Кога мама заборави дека ме сака
Автор:
Драгица Русевска - Христова
Издавач:
Топер |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Кога мама заборави дека ме сака |
Бр. на страни:
155 |
Димензии:
21
|
Корица:
тврда
„Зборувате со некого и наеднаш застанувате, не знаете што кажувавте пред само пет секунди. Тоа се случува сè почесто, почнувате да ги заборавате зборовите, имињата на луѓето, а потоа и нив, вашите најблиски. Секој ден губите по некоја коцка од вашиот живот, сè околу вас се распаѓа како кула од карти. Потоа почнува да ви ги снемува работите, некој ви ги краде парите, ви ја крие облеката, а се сомневате и дека сакаат да ве отрујат... но никој не ви верува. А и вие не верувате никому.
Кога Алцхајмер ќе ви влезе дома, тој не само што ги краде меморијата, сеќавањата на заболениот, туку го става во окови целото семејство. Некои работи се толку тажни што нема место за ништо друго. А кога мајка ви ќе ве заборави... тоа е една од тие работи!
Мајка ви, жива е? - ме праша еден ден.
Да, МАМО, жива е!
Не забележа ништо чудно во мојот одговор“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.