КОИ СМЕ НИЕ

Издавач: Концепција | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 201 | Димензии: 210x140 | Корица: мека

Што правиме ние тука? Зошто сме овде? Која е всушност нашата улога во овој свет? Што ако светот не е само она што го гледаме околу себе?   Што ако сме ние нешто многу, многу повеќе од она што го знаеме за себе?

ШТО АКО НЕКОИ БИТНИ РАБОТИ ВО ВРСКА СО НАШИОТ СВЕТ НЕ СЕ ОНАКВИ КАКВИ ШТО ГИ ЗНАЕМЕ?

  Дојдени сме на Земјата да бидеме креатори. Креатори на сопствениот живот и ко-креатори на нашата заедничка реалност во која постоиме. Колку и да не ви изгледа така, ние тоа го правиме. Ние креираме со помош на мислите. И тоа го правиме постојано, без разлика дали сме свесни за тоа или не. Дали креираме она што го сакаме е друго прашање.   Целта на оваа книга е да ви помогне да ја „видите“ вашата поврзаност со универзалната енергија, со интелигентната креативна супстанција која го сочинува универзумот. А потоа да ви ги покаже „копчињата“ на контролната табла. За конечно да станете свесни креатори на својот живот, наместо несвесно да креирате она што не го сакате! Овде ќе ги пронајдете делчињата од сложувалката кои ви недостасуваат за да ја оформите сликата за тоа кои сте, зошто сте тука и која е вашата цел. И тогаш, вистинската забава може да почне... Животот е подарок. А подароците се за да им се радуваме!
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 450 ден

17 на залиха

Спореди
Продавач Концепција

Report an abuse for product КОИ СМЕ НИЕ

Категорија:
ИСБН: 978-608-231-055-8

1 оценка за КОИ СМЕ НИЕ

  1. Rated 5 out of 5

    Марјан

    Три збора – книга на иднината!

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in