Кој сака да биде космонаут?

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Кој сака да биде космонаут? | Бр. на страни: 64 | Димензии: 21x21 | Корица: /

      Писателот за деца и млади; со своите стотина објавени книги наменети за нив; авторот на десетина книги за возрасните читатели; хумористот и сатиричарот Александар Кујунџиски продолжува со потрагата по нови творечки хоризонти (и вертикали!) по планетата Земја; и не само по неа...
Неговата јубилејна 120-та книга, публикувана во 70-тата година од животот на Авторот, под наслов „Кој сака да биде космонаут?“, посветена на децата од предучилишна и рана училишна возраст, претставува мини роман со макси творечки новитети. Публикувана во Библиотеката МК (С)ликовници, таа пленува со нејзината необична и ретко видена концепција; со духовитоста и инвентивноста на сториите, но и со прекрасните недовршени илустрации со кои и децата стануваат дел од содржината и од создавањето на убавината.
Илустрациите во неа се дело на познатиот ликовен уметник и илустратор Жарко Туниќ, а нивната надградба може да стане дело на идните проследувачи и коавтори на ова оригинално издавачко остварување.

Цена: 200 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Кој сака да биде космонаут?

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-172-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кој сака да биде космонаут?”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in