Комплексност на пресметувањата-современ пристап

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Computational Complexity : A Modern Approach | Бр. на страни: 580 | Димензии: 180x265 | Корица: тврда

„Теоријата на комплексност на пресметувањето претставува јадро на теоретското истражување во компјутерските науки. Оваа книга во основата го содржи поголемиот дел од напредокот во последните две децении, со високо ниво на проникливост и детални технички докази. Ова е задолжителна литература за сите што имаат интерес во оваа област.“
– Ави Видгерсон, професор на Институтот за напредно истражување, Принстон

„Книгата на Арора - Барак е големо постигнување што ги обединува сите важни напредоци во теоријата на комплексноста. И студентите и истражувачите во книгата гледаат неизмерно корисен извор.“
– Мајкл Сипсер, раководител на Одделот за математика, МИТ,
и автор на Вовед во теорија на пресметувањето

Овој воведен учебник, за постдипломци, ги опишува неодамнешните достигнувања и класичните резултати на теоријата за комплексноста на пресметувањата. Во основа, не барајќи никакви предзнаења, освен математичка зрелост, книгава може да се користи како референца за самоучење за секој што е заинтересиран за комплексноста, вклучувајќи физичари, математичари и други научници, како и учебник за повеќе предмети и за семинари. Вклучени се повеќе од 300 задачи со одбрано множество каде што има помош.

Книгата започнува со широк вовед во полето со напредни резултати. Содржината вклучува дефиниција на Туринговите машини и основните временски и просторни класи на комплексност, веројатносни алгоритми, интерактивни докази, криптографија, квантни пресметувања, долни граници за конкретни модели за пресметување (дрва на одлучување, комуникациска комплексност, константна длабочина, алгебарски и монотони кола, доказна комплексност), комплексност во просечен случај и цврстина на засилување, дерандомизација и псевдослучајни конструкции и PCP теоремата.

Санџив Арора е професор на департманот за компјутерски науки на универзитетот Princeton. Тој има фундаментални резултати за веројатносно проверливи докази и апроксимативност на NP-тешки проблеми. Тој е основачки директор на центарот за Пресметковна нерешливост, а е спонзориран од Националната фондација за наука (англ. National Science Foundation).

Боаз Барак е професор на департманот за компјутерски науки на Универзитетот Princeton. Тој има фундаментални резултати за комплексноста на пресметувањата и криптографијата, особено во развојот на техниките со „не-црни-кутии“.

Цена: 1650 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Комплексност на пресметувањата-современ пристап

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-770-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Комплексност на пресметувањата-современ пристап”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in