Коњ влегува во бар

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 222 | Димензии: 20 цм | Корица: мека

Коњ влегува во баре дело различно од сè друго што има напишано Давид Гросман, но и од сè друго штоимате прочитано. Преполн со експлозивен хумор, возбудлив роман што го терачитателот да почне да се преиспитува себеси. Толку смешен што ќе ве расплаче,толку интроспективен што ќе ги потресе вашите најдлабокиемоции.

Овој роман на Гросман е нов книжевен дострел,зачудувачки, дури и нескротлив во својата инвентивност и комплексност, со истатаонаа емотивна зрелост на неговиот претходен опус. Оваа незаобиколна книга еобликувана како своевиден танц помеѓу еден комичар и неговата публика, преполнасо урнебесни шеги кои истовремено зборуваат и за исклучително сериознитеми.

Коњ влегува во баре шокантно и зачудувачки интересно четиво: изневерувања помеѓу љубовници,предавства помеѓу пријатели, вина која по секоја цена мора да биде надмината. Наедна обична сцена во еден ноќен клуб, гледаме како еден комичар е растргнатпомеѓу својата вештина на засмевањето и сопствената длабокатага.

Ова е роман што не смее да сепропушти.

 

„Во Коњ влегува во бар Гросман правиризичен и амбициозен обид да ги прошири границите на жанрот роман, и тоа гоизведува на спектакуларен начин. Во Коњ влегува во бар сетематизира тагата без никакви траги на сентименталност или патетика. Централниотлик е крајно специфичен и преполн со човечки недостатоци, но истовремено и многублизок и познат за секој читател. Навистина восхитува решителноста на Гросман дапрезема храбри стилски и емоционални ризици: секоја реченица е важна, секој зборе важен во овој врвен пример за брилијатноста на писателскатавештина.“

Извадок од образложението при доделувањето нанаградата „Man Booker International 2017“

 

„Главниот лик на Гросман, комичарот Довалех, гоостава своето срце на сцената пред очите на публиката, онака како што можат дасе изразат само големите мајстори на зборот – како Лени Брус или ФранцКафка.“

The New York Times

 

„Блескаво... концизно... Гросман мајсторскипреплетува неколку нишки од својата сложен приказна, така што на читателотединствено му останува да се препушти и да ужива во ова современоремек-дело.“

The WashingtonPost

 

„Кратко, шокантноремек-дело.“

The SundayTimes

Цена: 400 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Коњ влегува во бар

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-585-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Коњ влегува во бар”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in