Копилето од Истанбул

Автор: /
Publisher: / | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: The bastard of Istanbul | Num. of pages: 342 | Dimensions: / | Cover: тврда

Во Копилето од Истанбул, Елиф Шафак, една од најистакнатите современи турски писателки, го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка. Централното место го има „копилето“ од насловот, Асја, деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Џони Кеш и француските егзистенцијалисти, и четирите сестри во фамилијата Казанџи што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха, мајката на Асја, бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирање; Бану, која неодамна ја открила „гатачката“ во себе; Џеврие, вдовица и наставничка по национална историја; и Фериде, хипохондрик опседната со неизбежни катастрофи; нивната строга мајка, и нивната баба што тоне во заборавот на Алцхајмеровата болест. Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш, Ерменка по татко.Армануш тајно лета во Истанбул во потрага по сопствениот идентитет и остатоците на тешкото семејно минато, и бргу се спријателува со Асја. Со доза на мистицизам, се расветлува долго чуваната тајна што ги поврзува овие две фамилии уште во далечната 1915 година.Полна со живописни незаборавни ликови, Копилето од Истанбул е храбра, моќна приказна што ја вивна Шафак на врвот на светската книжевна сцена.„Прекрасна замисла... овој неверојатен роман просто ме одведе. А кога се вратив, реалноста повеќе не беше иста.Чикаго трибјун
Rated 5.00 out of 5 based on 2 customer ratings
(2 customer reviews)

Price: 380 ден

4 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Копилето од Истанбул

Category:
SKU: feb15bc44e5e

Издавачки центар ТРИ

2 reviews for Копилето од Истанбул

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Одличен роман, препорачувам 🙂

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in