Круг

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Krug | Бр. на страни: 240 | Димензии: 20 | Корица: мека

Последниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијализам.   „Круг“ почнува со тоа што главниот јунак Владимир ја спознава вистината за Младен, постариот брат кој загинал во 1944 година. Младен е прогласен за херој на Револуцијата, но со тоа во смрт ги повлекол и таткото и мајката. Но само Младен е интересен за заедницата. Владимир, иако е брат на херој и единствен преживеан член во семејството, не е повикан на свечноста за отворање спомен-музеј во нивната родна куќа. Лут поради овој потег на партиските другари, ја напушта работната акција. Од тој момент во него почнува да се раѓа сомнеж во Партијата и во Револуцијата, а пред читателот се простира цела галерија ликови преку кои се изразуваат политичките, социјалните и културните контрасти на времето.   Во општествениот план на романот е пролетерското општество и бунтот на идеалната совест на Владимир против владејачката хиерархија, идеолошкиот опортунизам и против предавството на поранешните револуционери.   Во сето ова е испреплетена и љубовна приказна преку која Селимовиќ уште еднаш го покажува своето врвно мајсторство за прикажувањето на внатрешната состојба на ликовите и меѓучовечките односи.   Иако формално недовршен, по својата структура и поетичка компактност, „Круг“ функционира како заокружена прозна целина.

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Круг

Категории: ,
ИСБН: 978-608-243-601-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Круг”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in