Круг

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2022
Original title: Krug | Num. of pages: 240 | Dimensions: 20 | Cover: мека

Последниот роман на Меша Селимовиќ се навраќа на неговата доминантна тема: човековиот егзистенцијализам. „Круг“ почнува со тоа што главниот јунак Владимир ја спознава вистината за Младен, постариот брат кој загинал во 1944 година. Младен е прогласен за херој на Револуцијата, но со тоа во смрт ги повлекол и таткото и мајката. Но само Младен е интересен за заедницата. Владимир, иако е брат на херој и единствен преживеан член во семејството, не е повикан на свечноста за отворање спомен-музеј во нивната родна куќа. Лут поради овој потег на партиските другари, ја напушта работната акција. Од тој момент во него почнува да се раѓа сомнеж во Партијата и во Револуцијата, а пред читателот се простира цела галерија ликови преку кои се изразуваат политичките, социјалните и културните контрасти на времето. Во општествениот план на романот е пролетерското општество и бунтот на идеалната совест на Владимир против владејачката хиерархија, идеолошкиот опортунизам и против предавството на поранешните револуционери. Во сето ова е испреплетена и љубовна приказна преку која Селимовиќ уште еднаш го покажува своето врвно мајсторство за прикажувањето на внатрешната состојба на ликовите и меѓучовечките односи. Иако формално недовршен, по својата структура и поетичка компактност, „Круг“ функционира како заокружена прозна целина.

Price: 400 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Круг

Categories: ,
SKU: 978-608-243-601-2

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Круг”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in