Куќичка
Author:
Оливера Николова
Publisher:
Блесок |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Куќичка |
Num. of pages:
238 |
Dimensions:
140x200
|
Cover:
/
Седмиот роман на една од најистакнатите македонски писателки, госпоѓата Оливера Николова, едноставно насловен „Куќичка“ е потресна приказна за голем број карактери, од кои централниот лик, Зујка, е стожер на целото сиже. Авторката умешно и инвентивно „манипулира“ со својот главен лик, воведувајќи невообичаена книжевна постапка, при што на моменти Зујка добива атрибути на кукла на конец. Сепак, вештината на раскажувањето од Зујка прави полнокрвен лик кој на свои плеќи го носи целиот роман. Оваа жена има тешка и потресна судбина, која на разни начини е поврзана со судбините на нејзините блиски: Зујка страда уште од раната младост, и се чини дека никако не успева да ја оствари толку посакуваната среќа. Неможноста тоа да го постигне, дури и ја доведува во ситуација да се запраша дали воопшто сака да биде среќна. Таа е неисполнета на сите полиња: професионално, емотивно, семејно. Па сепак, Зујка не ѝ се предава на летаргијата; наоѓа начин како својот креативен архитектонски порив да го преточи во нешто кое самото по себе би си било доволно: црта куќички кои, ете, понекогаш можат да бидат и исполнети со живот и радост.
Reviews
There are no reviews yet.