Куклата на Кокошка
Сликарот Оскар Кокошка бил толку вљубен во Алма Малер што по завршувањето на нивната врска дал да му направат кукла во природна големина и со сите детали од телото на неговата љубена Алма. Кокошка не срамејќи се од својата страст јавно низ градот се шетал со куклата, па дури ја носел и во опера и на балет. Но, еден ден му се здосадила и ѝ скршил шише црвено вино од глава и ја фрлил во ѓубре.
Романот Куклата на Кокошка е симбол, а и метафора на едно пријателство, приказна за тоа како нашиот однос со другите е суштествен за нашиот идентитет. Главниот протагонист во романот е Исак Дреснер, евреин кој почнал да куца на левата нога поради неговата опсесија со сеќавањето на погубувањето на најдобриот другар во Втората светска војна. Во романот, исто така се појавува и Бонифазо Вогел, сопственик на продавница за птици, Цилија Кацева ортодоксна еврејка која е стигмата и со Зигмунд Варга, милионер кој сака да ја измери човечката душа со вага. Во приказната проследена со музика се појавуваат и поразениот поет, куклата на Кокошка и гитаристот кој ги дели луѓето на категории според гитарските акорди.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.