Култот на Големата мајка
Author:
Нешка Николова
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Култот на Големата мајка |
Num. of pages:
174 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
мека
Оваа книга преставува првата фолклористичко-митолошка студија кај нас на оваа тема согледана од аспект на повеќе научни дисциплини.Во предговорот на книгата (која претставува магистерски труд на авторката), проф. д-р Нина Анастасова Шкрињариќ, меѓу другото, пишува:„Во своето истражување Николова со вешти и сигурни потези ја моделира „фигурата“ на Големата Мајка, пополнувајќи ги досегашните „скици“ со драгоцени научни информации. Со максимално згусната граѓа изведува концизна и прецизна експертиза, реконструирајќи го култот кон Големата Мајка и истражувајќи го неговиот „отпечаток“ во македонската народна традиција.Наспроти неколкуте научни студии и расправи во доменот на археологијата или историјата на уметноста, во македонската наука досега недостасуваше посериозна расправа за овој култ, во која би се вклучиле и другите дисциплини – пред сè фолклористиката и етнографијата. Со исклучителна научна зрелост и суптилен истражувачки нерв, Н. Николова ги детектира и фолклористичко-етнографски ги аргументира реликтите кои го потврдуваат култот на Големата Мајка на македонска почва. Притоа, применува комбинирани истражувачки постапки, користејќи ги искуствата на повеќе научни дисциплини: фолклористиката, етнологијата и етнографијата, антропологијата, историјата на религиите, компаративната митологија и сл.Големата тајна на Големата Мајка, слично на загатката на Сфингата, во трудот на м-р Н. Николова се дешифрира преку егзистенцијалната вредност на зборот природа. Природата и породот, суштината на Големата мајка!“
Questions and Answers
You are not logged in