Ќустендилски триод
Author:
Елка Јачева-Улчар
Publisher:
Менора |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
ЌУСТЕНДИЛСКИ ТРИОД |
Num. of pages:
224 |
Dimensions:
Б5
|
Cover:
тврда
Трудот што се наоѓа пред вас претставува плод од мојот магистерски труд „Ќустендилски триод – јазична анализа“, одбранет на 16 јануари 1998 година на Филолошкиот факултет во Скопје, пред комисија во состав: Вангелија Десподова (ментор), Мито Миовски и Емилија Црвенковска. Трудов беше создаван во период од средината на 1995 до средината на 1997 година. Со оглед на тоа што од одбраната на магистерскиот труд до денес се поминати повеќе од две децении, во кои излегоа и нови научни сознанија за триодот како литургиски зборник, основниот текст на магистерскиот труд претрпе извесни корекции, надополнувања и освежувања и во ваков вид стигнува во ваши раце. Во оваа пригода би сакала да им ја изразам својата благодарност: на мојата менторка Вангелија Десподова која ме упати во темата и без чија сесрдна поддршка не ќе настанеше овој труд; на колегата Димитар Пандев за сугестиите и суштински корекции по прочитот на магистерскиот труд во далечната 1997 година; на колешката Лилјана Макаријоска за поддршката и помошта со литература денес; на г. Симе Шандуловски за покажаното трпение при техничкото уредување на овој доста сложен текст за обработка; на г. Ласко Џуровски околу освежувањето на постојниот старословенски фонт што го користам овде; и на свекрва ми Љиљана Улчар за укажаната помош при техничкото обликување на текстот, особено во делот Палеографија. Иако се оставени на крајот, но како најважни за мене, им кажувам едно големо БЛАГОДАРАМ на моите родители, Вера и Ристо Јачеви, и на мојот сопруг Игор Улчар, за сета безрезервна поддршка, помош и љубов што ги примам од нив, од самите почетоци на мојата работа до денес. И покрај тоа што татко ми веќе трета година физички не е со нас, тој е тука до мене додека ги пишувам овие редови.
Reviews
There are no reviews yet.