Квиз парови
Автор:
Драгана Крстиќ
Издавач:
Едука Мак |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
КВИЗ ПАРОВИ |
Бр. на страни:
48 |
Димензии:
25х15х5
|
Корица:
/
Квизот содржи 48 илустрирани прашања, „магичен прозорец“ за отчитување на точниот одговор и ливчиња за бележење на резултатите. Прашањата прикажани на сликите се наменети за деца на возраст од 3 до 5 години. Насловот на квизот ПАРОВИ секогаш сугерира на иста задача – пронајди го парот зададен на големата слика помеѓу трите мали сликички подолу, според некој критериум што не е однапред зададен, но е најочигледен (на пример: мажјак - женка, занимање - алат, мајка - младенче, животно - храна, еднаква бројност ...). Решенијата се единствени за дадените слики. Со поставување на „магичниот прозорец“ над црвеното поле, може да се провери точниот одговор на занимлив и нестандарден начин. Под точниот одговор се крие знакот „смајли“. Овој квиз може да се користи повеќе пати и со повеќе играчи. Квизот може да го игра поединец или група, при што секому може да му се бележат резултатите и на крајот да се прогласи победник со најмногу точни одговори.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.