Лет
Author:
Владимир Арсениевиќ
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2015
Original title:
Let |
Num. of pages:
266 |
Dimensions:
140x205
|
Cover:
/
Лет е трогателна приказна за Павле Андреевиќ, млад воздухопловен поручник во војската на Кралството Југославија, кој кон крајот на триесеттите години на минатиот век во Белград, Нови Сад, Петровград, Мостар и Сараево го открива духот на времето, но исто така запознава и многу великани на книжевноста и филмот, како и зачетници на стрипот и фотографијата од тој период.
Еден рутински авијатичарски лет, непосредно пред почетокот на Втората светска војна, засекогаш ќе ја промени судбината на Палве, но и на целото негово семејство. Тој трагичен ден ќе го затвори кругот помеѓу животот и смртта и ќе стане главна вест во сите весници во Југославија, која ја очекува голем воен судир.
Владимир Арсениевиќ, еден од најдобрите и најнаградуваните млади српски автори и најмлад добитник на престижната награда на НИН, во романот Лет ја раскажува неверојатно искрената приказна за љубовта на двајца млади луѓе, пронижана со идеалите на епохата и со многу интересни реални личности.Овој возбудлив исечок од времето на радиото, џезот, првите звучни филмови и аеропланите претставува вистински лет во минатото, кој го води читателот на незаборавно патување низ историјата на балканските простори.
„Елегантноста на нарацијата на Арсениевиќ е како огномет на дожд...“ The Times Literary Supplement
Reviews
There are no reviews yet.