Лето во кое те нема

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Лето во кое те нема : роман | Бр. на страни: 114 | Димензии: 20 | Корица: мека

Во однос на универзалните книжевни текови, Андоновски со своите романи го носи големиот свет во македонскиот јазик, промислувајќи го естетски релевантно и актуелно. Она што од една страна е врзаност на авторот со поднебјето, од друга страна се претвора во сензитивна мембрана преку која продираат големите нешта во малата книжевност. Андоновски зафаќа теми кои одамна (или никогаш) не се пишувани кај нас. Другоста, траумите, сексуалноста, престапите, осамите... како ореоли на луѓето од секојдневието. Просторот на делата на Андоновски најчесто не е или само делумно е наш, неговите романи речиси секогаш се населуваат или се поврзуваат со далечното, неодреденото... со морето и синиот бескрај и во оваа негова карактеристика се препознава отскокнување од локалното, но само во поетолошко-филозофска смисла. На тој начин, најнашето станува најсветско или обратното – најсветското станува најнаше. Токму во овој спој на нештата е неговата вистинска вредност и посебност во домашната книжевност. Оливера Ќорвезироска

Цена: 280 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product Лето во кое те нема

Категорија:
ИСБН: 978-608-261-042-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Лето во кое те нема”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in