Литературните погледи на Димитар Митрев
Автор:
Науме Радически
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Литературните погледи на Димитар Митрев |
Бр. на страни:
369 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Овој труд е аналитичка студија за фундаменталните димензии на литературно-естетичката мисла (естетичките, литературнотеориските, критичките, литературноисториските погледи и аналитички резултати) на основоположникот на македонската литературна критика и литературна теорија Димитар Митрев. Посветен е главно на основните сфери од неговата литературно-естетичка мисла и актива.Прашањата за естетичките погледи на Митрев се групирани околу неговата литературнотеориска, литературноисториска и критичарска мисла и практика. Со самото тоа се конкретизираат и неговите општи естетички погледи и, посебно, погледите кон реализмот во литературата и уметноста, неговите сфаќања за критиката, како и критичарската практика, неговите сфаќања и аналитички резултати од проучувањата на литературното минато, како и кај него неизбежната полемичарска активност.
Questions and Answers
You are not logged in