Лота во Вајмар

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Lotte in Weimar | Бр. на страни: 390 | Димензии: 145x200 | Корица: мека

Романот Лота во Вајмар претставува еден вид одговор на познатиот роман Страдањата на младиот Вертер од Гете. Во овој роман, Шарлота Кестнер, жената во која Гете во младоста бил несреќно вљубен и нивната љубовна приказна била инспирација за тој да ја напише својата славна книга, доаѓа во Вајмар за да се сретне со него речиси четириесет години по нивната последна средба. Томас Ман, фасциниран од концептот за генијот и богатството на германската култура, во Гете го пронаоѓа овоплотувањето на германскиот културен херој. Лота во Вајмар претставува живописен двоен портрет, сложена студија за Гете и за Лота. Во романот Гете е претставен од неколку различни перспективи: преку размислувањата на Лота, преку нејзините разговори со оние што го познаваат големиот човек и на крајот преку нејзината директна и конечна средба со Гете, средба по која мечтае и нетрпеливо ја очекува и самиот читател, како крајна дестинација до која не е лесно да се дојде: колку што е пократок патот до неа, толку тој се чини подолг, со што на некој начин авторот укажува на неможноста вистински да се продре до генијот. Книгата поставува бројни важни прашања за односот меѓу реалноста и уметноста, за вистината постигната преку уметноста, за односот меѓу „реалноста“ на реалните личности и „реалноста“ на фиктивните ликови, и за комплексната позиција на генијот во општеството.

Цена: 350 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Лота во Вајмар

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-220-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Лота во Вајмар”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in