Лота во Вајмар

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Lotte in Weimar | Num. of pages: 390 | Dimensions: 145x200 | Cover: мека

Романот Лота во Вајмар претставува еден вид одговор на познатиот роман Страдањата на младиот Вертер од Гете.
Во овој роман, Шарлота Кестнер, жената во која Гете во младоста бил несреќно вљубен и нивната љубовна приказна била инспирација за тој да ја напише својата славна книга, доаѓа во Вајмар за да се сретне со него речиси четириесет години по нивната последна средба.
Томас Ман, фасциниран од концептот за генијот и богатството на германската култура, во Гете го пронаоѓа овоплотувањето на германскиот културен херој. Лота во Вајмар претставува живописен двоен портрет, сложена студија за Гете и за Лота. Во романот Гете е претставен од неколку различни перспективи: преку размислувањата на Лота, преку нејзините разговори со оние што го познаваат големиот човек и на крајот преку нејзината директна и конечна средба со Гете, средба по која мечтае и нетрпеливо ја очекува и самиот читател, како крајна дестинација до која не е лесно да се дојде: колку што е пократок патот до неа, толку тој се чини подолг, со што на некој начин авторот укажува на неможноста вистински да се продре до генијот.
Книгата поставува бројни важни прашања за односот меѓу реалноста и уметноста, за вистината постигната преку уметноста, за односот меѓу „реалноста“ на реалните личности и „реалноста“ на фиктивните ликови, и за комплексната позиција на генијот во општеството.

Price: 350 ден

2 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Лота во Вајмар

Category:
SKU: 978-608-223-220-1

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Лота во Вајмар”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in