25%
Ловец на змејови
Автор:
Халед Хосеини
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2007
Оригинален наслов:
The kite runner |
Бр. на страни:
383 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
мека
Ловец на змејови е роман кој ќе го растопи и најтврдото срце. Не постои никој кој е толку храбар кој нема да ги пушти солзите да леат врз страниците на овој роман. Болката, страдањата, предавството, срамот, но и љубовта се така објаснети што читателот се соживува со личностите.
Со Амир, син на богат трговец, со неговиот најдобар другар Хасан, со жителите на Кабул. И војните. Војни. Постојано војни.
Амир, приповедачот на книгата, на почетокот нѝ ги објаснува неговите случки, соништата и созревањето во Кабул, Авганистан. Тој не сонува сам. Никогаш...
Со него е неговиот најверен другар, близок како брат, син на слуга - Хасан.
Нивните момчешки денови се идилични, поминати во летање змејови и сонување со отворени очи под јаболкницата за тоа што носи иднината.
Идилата е прекината со грубиот налет на Советската инвазија на Авганистан, по што Амир и неговиот татко успеваат да емигрираат во САД. Далеку од сè, далеку од Авганистан, неговиот дом и Хасан, Амир се надева дека ќе заборави еден ден, еден кукавичен момент и совеста која целосно го јаде внатре длабоко во себе. Никогаш!
Летач на змејови е толку живописна, трогателна приказна за пријателството, искупувањето, за љубовта, војната - човечкото лудило...
13 оценки за Ловец на змејови
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Knigata e prekrasna, ama po nea dolgo ostanuva chemer vo dushata
Anonymous (верификуван корисник) –
Izvonredna kniga! Iako prva na Haled Huseini, koj inaku e lekar,odma po izdavanjeto stana bestseler vo Amerika.Prekrasna!!!
Anonymous (верификуван корисник) –
ke placete,smeete,mislite i ke prodolzite da zazmisluvate sto ponatumu…mnogu trogatelna prikazna so mnogu emocija …
blagica aleksovska (верификуван корисник) –
Trogatelna prikazna! Avtorot znae kako da dopre do srcata na citatelot i da ostane zapameten. Sum ja citala i Iljada neverojatni sonca i voodusevena sum.
Биљана Симоновска (верификуван корисник) –
Едноставно, не можев да ја оставам додека не ја прочитав. Прекрасна книга. Најтопло ја препорачувам.
Мелита Јанчевска (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anita Jovanova (верификуван корисник) –
Марија Бошкоска (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Aleksandra Velkova (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
slavica_bt@yahoo.com –
Прекрасна книга, приказна која не се заборава!