Ловци на фазани
Автор:
Јуси Адлер-Олсен
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Fasandræberne |
Бр. на страни:
416 |
Димензии:
13×20
|
Корица:
/
Во 1987 година, во викендичка во северна Данска, сурово се убиени брат и сестра. Полицијата се сомнева дека убиецот е дел од една приватна гимназија во која учат децата на најбогатите семејства во земјата. Учениците од ова елитно друштво се познати по организирање насилни оргии. Сепак, истрагата е попречена од високи полициски инстанции. Дваесетина години подоцна случајот повторно е на масата на полицискиот инспектор Карл Морк, брилијантниот детектив што раководи со Секторот Q – одделението за нерешени случаи. За него станува јасно дека не е сè така како што изгледа на прв поглед. Тој ќе дојде до Кими, жената што живее на улица и краде за да преживее и која мајсторски го усовршила криењето од полицијата. Но не ја бараат само претставниците на законот бидејќи таа чува тајни поради кои и моќници од високите општествени кругови би можеле да ја бараат нејзината глава. Tајната што Кими ја крие може да смени сè.
Questions and Answers
You are not logged in
Македонски
English








