МАКЕДОНИЈА – предел и култура на живеење
Author:
Леонард Шулце Јена
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
MAKEDONIEN Landschafts - und Kulturbilder |
Num. of pages:
368 |
Dimensions:
240х170
|
Cover:
мека
Германскиот научник Леонард Шулце Јена (1872-1955) е најтемелниот истражувач на Македонија во првите децении на 20 век, а неговата книга претставува најдеталната книга досега напишана од странец за Македонија. Таа е првата вистинска научна монографија за Македонија, која пак е проучена од повеќе аспекти во својата географска и национална целина. Иако ја истражувал по нејзината поделба (во 1917, 1918 и во 1922 година), Шулце Јена ја третира Македонија исклучиво како природна и национална целина. Ја проучува во географска, геолошка, етнографска, етнолошка и стопанска смисла. Настапува и како етнолингвист, истражувајќи ја компаративно македонската лексика, а како картограф изработува географска карта на Македонија, аргументирано утврдувајќи ги нејзините граници. Се претставува и како врвен етнограф, зоолог, антрополог... „Кога расправа за долини и планински масиви, тој е целосно географ; штом се работи за растенија и за животни, тогаш тој настапува како зоолог и ботаничар, или како етнограф кога опишува куќи и носии, или како историчар којшто посветено се занимава со историјата на Балканот и на Македонија. И се јавува уште во неколку слични улоги. Последните 25 страници на неговата книга се посветени на сообраќајот во Македонија, од најраните времиња дури до современоста. Сето тоа е мошне занимливо и го објаснува успехот на книгата којашто до ден-денес не е заборавена, зашто книгата содржи и една вистинска светска премиера – таа е и првиот речник на македонскиот јазик напишан врз основа на сопствени истражувања од германскиот научник Леонард Шулце Јена“, пишува проф. д-р Волф Ошлис во предговорот на книгата. Книгата содржи близу 150 фотографии, графикони и карти, меѓу кои и голема карта на која Леонард Шулце Јена ги утврдил границите на Македонија.
Questions and Answers
You are not logged in