Македоника 11-12

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Македоника 11-12/2015 | Num. of pages: 184 | Dimensions: 240х170 | Cover: /

Меѓу другото, во овој двоброј се објавени документи од политичкото досие на Драган Богдановски, а Марјан Иваноски пишува и за дејноста на македонската политичка емиграција, нејзиното вклучување во процесот на плурализмот во Македонија и формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Спасовски пишува за историјата на македонскиот јазик, задржувајќи се на три хронолошки слоеви на развој и влијанија, односно поставува нови тези за улогата на јазиците кои се зборувале на територијата на Македонија врз развојот на македонскиот јазик. Драган Ѓалевски пишува за принципите на византиското војување, а Драган Зајковски за создавањето на Охридската (Преспанската) архиепископија – патријаршија и канонскиот статус во времето на цар Самоил и на неговите наследници. Горан Калоѓера од Хрватска пишува за потрагата по националниот идентитет во македонскиот 19 век, додека пак Силвана Костадинова Спасова за автономистичките позиции на Коста С. Шахов. Македонка Митрова се осврнува на научната елаборација на Јован Цвијиќ и за османлиска Македонија и за нејзиното население. Димитар Љоровски Вакмаковски пишува за дејноста на митрополитот Каравангелис во Костурско и реакцијата на неговата дејност на македонската револуционерна организација, додека пак Александар Симоновски за еден документ-статија за разобличувањето на дејноста на Дража Михаиловиќ за време на Втората светска војна. Љубица Јанчева објавува статија за создавањето на самостојна и суверена Република Македонија. Објавени се и два осврта – на Волф Ошлис и на Зоран Тодоровски – за Леонард Шулце Јена и неговата прва научна монографија за Македонија со наслов „Македонија – предел и култура на живеење“. Во овој број премиерно се објавуваат стихови на хрватскиот поет Андрија Вучемил, посветени на тројца Македонци – политички затвореници на Голи Оток. Васил Тоциновски пишува за научното дело, односно за македонистичкиот опус на Науме Радически (1953-2014), првиот главен уредник на списанието „Македоника“, од кого е објавен есеј – еден од неговите последни текстови.

Price: 150 ден

1 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Македоника 11-12

Category:
SKU: 18577539/11-12

Questions and Answers

You are not logged in