Маркетинг во патувањата и туризмот

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Marketing in travel and tourism | Num. of pages: 528 | Dimensions: 205x280 | Cover: /

Маркетинг во патувањата и туризмот има цел да ги упатува и да им дава поддршка на читателите низ комплексностите на маркетингот во туризмот во 21век. Дава јасни објаснувања на принципите на маркетингот и концептите приспособени од конвенционалните маркетинг-услуги, а продолжува со илустрација на опсегот на апликации што моментално се користат во современата економија на посетители.

Сега во четвртото издание, како и изданијата што се препечатуваат секоја година уште од 1988 г., секое поглавје од книгата е ажурирано и вклучува моментални оцени на сите главни развои во маркетингот, особено потрошувачкиот маркетинг, како и моментално фокусната улога на интернетот во маркетинг-миксот. Поглавјата за комуникација со потрошувачите се проширени со цел да ги земат предвид е-маркетингот и сродните развои на маркетингот во туризмот што се споени во модерниот Епилог.

Маркетинг во патувањата и туризмот претставува вистински меѓународен и детален водич за маркетингот во глобалната туристичка индустрија, незаменлив учебник за сите студенти и предавачи.

Виктор Т.Ч. Мидлтон, независен консултант по менаџмент; визитинг-професор, Универзитет Оксфорд Брукс и Универзитет во Централен Ланкашир, ОК Алан Фајал, предавач по туризам и менаџмент на Меѓународниот центар за истражување на туризмот и гостопримството; и продекан за истражување и претприемаштво на Школата за менаџмент на услуги, Универзитет Борнмут, ОК.

Мајкл Морган, виш предавач по маркетинг на туризам и слободно време и раководител на програмата за МА Менаџмент на европски туризам, Универзитет Борнмут, ОК. 

Со придонес од д-р Ашок Ранчход, BSc., MSc., MBA, PhD., факултетски истражувачки професор, Бизнис-школа во Саутемптон, ОК, FCIM, виш испитувач за стратегиски маркетинг во практика и визитинг професор на Универзитетот Напиер, Универзитет Саутемптон, Универзитетот Ангерс (Франција) и MICA (Индија).

Price: 2150 ден

20 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Маркетинг во патувањата и туризмот

Category:
SKU: 978-608-229-750-7

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Маркетинг во патувањата и туризмот”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in