Мирна улица, дрворед

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Mirna ulica, drvored | Num. of pages: 257 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

За својот прв роман Мирна улица, дрворед Нада Гашиќ е добитник на Наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за најдобро дебитантско дело на годината, а за својот втор роман Вода, пајажина е наградена со престижната Награда на Град Загреб и со највисоката државна награда во културата „Владимир Назор“ за најдобро книжевно остварување во 2010 год. Делата на Гашиќ беа во финале и на неколку други награди. Освен со награди, овие романи беа високо вреднувани и од книжевната критика. Тие се меѓу најактуелните и највредните дела во најновата хрватска литература.„Мирна улица, дрворед“ е роман кој обединува неколку жанрови, со модернистички и вешт пристап во градбата, и со третирање на современи проблеми. Има хумористични и иронични елементи, испишан е духовито и со уверливи дијалози и псевдодокументарни елементи. „Романот на Нада Гашиќ Мирна улица, дрворед ги портретира жителите на една улица и дава ведута на Загреб, град со метрополитска разноликост и со исклучителен  провинцијализам, лицемерие и суровост - толку добро и уверливо што ќе посакате да се иселите од него, и покрај мирот и дрворедот. Сепак, сите градови се слични, животот главно се одвива засолнет во становите . Проблем е кога ’улицата‘ ќе почне да влегува во становите. Без чукање.“ (Круно Локотар)
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 250 ден

7 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Мирна улица, дрворед

Category:
SKU: 978-608-225-077-9

Questions and Answers

You are not logged in