МИСТЕРИЈАТА НА ПАСИЈАНСОТ

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 336 | Димензии: 130 mm x 195 mm | Корица: мека

          Зарем никогаш не си размислувал за себе да најдеш некоја нова жена наместо да потрошиш половина од својот живот за да ја најдеш онаа што уште не се нашла себе?

Прво остро се насмеа, а потоа рече:

          Можам да се согласам дека тоа е помалку мистериозно. На оваа планета живеат пет милијарди луѓе. И тогаш човекот ќе засака некое одредено суштество и не сака да го замени со ниедно друго. 

 

Вакви филозофски мисли си разменуваат таткото и синот, додека со автомобил патуваат, од Норвешка во Грција, во потрага по мајката на детето. Едно човече – џуџе, на детето му подарува лупа, а еден пекар му дава колаче – земичка, со таинствена минијатурна книга, која раскажува за морнарот кој заринкал на пуст остров во 1790 година... Шпил карти, кои, понесени од фантазиите почнуваат да живеат сопствен живот. Џокер – палавко, кој гледа предлабоко и премногу. Тоа се компонентите на една фасцинантна приказна во приказна, во која брилијантно се мешаат фантазијата и реалноста, минатото и сегашноста.

 Ова е едно од најпознатите дела на најпродаваниот автор во светот за 1995 година.

 Јустејн Гордер (Jostein Gaarder) роден 1952 година е норвешки интелектуалец и познат светски автор на новели, кратки приказни и романи за деца. Гордер е роден во Осло. Студирал скандинавски јазици и теологија на универзитетот во Осло. Книгата Мистеријата на пасијансот  (Kabalmysteriet) е преведена на 45 јазици и е едно од најпознатите негови дела. Гордер има уникатен стил на пишување. Тој пишува од детска перспектива истражувајќи го детското љубопитно и необично чувство за светот. Гордер во неговите дела често користи метафикција и конструира приказни во приказна. Како филозоф и интелектуалец во своите дела најчесто поставува прашања за постоењето, универзумот, човештвото, љубовта, но сето тоа многу суптилно го пренесува низ нарацијата.

 

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 350 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product МИСТЕРИЈАТА НА ПАСИЈАНСОТ

Категорија:
ИСБН: 978-608-4654-70-4

2 оценки за МИСТЕРИЈАТА НА ПАСИЈАНСОТ

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in