Мочурливци : приказни од Зелената Корија

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Močvirniki : zgodbe iz Zelene Dobrave | Бр. на страни: 273 | Димензии: 21 | Корица: /

Дали шетајќи низ Зелената Корија ја забележавте таблата на која пишува Мочурлива Пониква? Тргнете по влажната трева покрај бавниот поток скриен меѓу огромните дрвја, обрабен со грмушки здравец, купчиња копјеста мочурлива трева и сочен мов, и ќе навлезете во еден сосем нов, восхитувачки, богат и радосен свет. Зашто ова не е обично тињосано мочуриште! Оваа Пониква има свои жители: дождовници, жаби, тритони, гуштери, стоногалки, пајаци плетачи, штурци свирачи, мрави... А тие си имаат градоначалник, детска градинка и училиште, амбуланта, поштар, весник, работилница за мебел, пералница, убаво снабдена продавница, гостилница со вкусни јадења „Кај зелената жаба“... Организираат забави и свечености, натпревари во пуштање лотки по потокот, варат мармалади и компоти од глогови јаболка, си помагаат во уредувањето на своите зелени домови... Но еден ден, нивниот спокоен соживот е нарушен од многу чуден настан – исчезнува Мочуриштето со добрејка! Какво е тоа чудовиште што можело да испие цело мочуриште?!

Цена: 900 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Мочурливци : приказни од Зелената Корија

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-687-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Мочурливци : приказни од Зелената Корија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in