Мојата борба за Македонија том 3: Македонска трагедија – прв дел

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Мојата борба за Македонија том 3: Македонска трагедија – прв дел | Бр. на страни: 442 | Димензии: 24x17 см | Корица: мека

Третиот том го содржи првиот од двата дела на обемниот историски роман на Драган Богдановски, со наслов „Македонска трагедија“. Во овој роман или белетризирана историја, е прикажана судбината на едно македонско семејство од едно кумановско село во периодот од 80-тите години на 19 век до забраната на ВМРО (Обединета) во 1936 година, растргнато меѓу бугарската и српската пропаганда и нивните завојувачки политики и присутните дејства на спротивставените струи и крила на ВМРО и на нејзините дејци, револуционери и месни војводи и комити. И во овој роман со историографска содржина и документарни елементи, има и идеолошки погледи и ставови на Богдановски, преземени од македонска историографија од 60-тите и 70-те години на 20 век, но многу пластично и сугестивно ја слика положбата на Македонецот во овој период, детерминирана од политичките ситуации кои се менуваат. И од книжевно-естетски аспект приказната е раскажана на солидно ниво, со што авторот влегува во македонските книжевни текови на 20 век.

Цена: 450 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Мојата борба за Македонија том 3: Македонска трагедија – прв дел

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-75-3

Questions and Answers

You are not logged in