Морибито. Чувар на духот
Нахоко Уехаши, (15 јули 1962), јапонска авторка на романи од жанрот фантастика,
добитничка на повеќе книжевни награди.
Најпознатото епско дело на Уехаши е Морибито, серија од дванаесет фантастични романи, што се продадени во повеќе од десет милиони примероци.
Во 2014 година, Нахоко Уехаши ја добива наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ за нејзиниот „континуиран придонес“како автор на книги за деца и млади.
"Морибито: чувар на духот" е првиот роман од серијата Морибито, што е подоцна адаптирана и за радио, за ТВ како јапонска аниме-серија и во манга-стрип. Во овој роман Уехаши ги зема како предлошка јапонската митологија и духовна филозофија, но и животот во средновековна Јапонија, на магичен начин плетејќи ги во една фантастична приказна што сосема се вклопува во формата што ја има „западната“ епска фантастика. Без разлика на препознатливата предлошка и вештата употреба на оваа форма, сепак светот за кој зборува Уехаши е сосема оригинален, а главната хероина – крајно нетипична.
Reviews
There are no reviews yet.