Мртвите знаат најдобро
Автор:
Владо Јаневски
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Мртвите знаат најдобро |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
145х205
|
Корица:
мека
„Каде е линијата меѓу сонот и јавето?“ е најрелевантното прашање во Мртвите знаат најдобро, што му го поставува имагинарниот лик Ичиро на неговиот создател – Фуриозо, за да додаде веднаш потоа: „Се надевам дека сега ви е јасно дека сонот и јавето се еднакво реални и важни“.
И, воопшто, целото дејство во романот се движи по тенко јаже, оптегнато меѓу реалноста и измислицата, додека во меѓупросторот се случува бизарниот живот на синот Фуриозо и таткото Шикамото, кои се занимаваат со бизнис на платени убиства.
Овој роман, што потсетува на делата на популарниот современ писател Харуки Мураками, е луциден, игрив и забавен, но истовремено проникнува и во многу морални и етички прашања, што му дава особена вредност. Сценаристичкиот пристап на авторот и доминантната дијалошка форма се пресудни дејството да се доживее поблиско и понепосредно, што предизвикува вистинско читателско уживање.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.