Мудар родител – среќен тинејџер
Автор:
Хедвиг Монтгомери
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Foreldremagi |
Бр. на страни:
208 |
Димензии:
20
|
Корица:
мека
Петтата книга од серијалот посветен на семејниот живот и начинот на воспитување ќе ви помогне да ги согледате потребите на детето кога е на возраст помеѓу 13 и 19 години.
Адолесценцијата е период кога на родителите им изгледа дека детето станува и го напушта сето она што го изградиле заедно. Големото ново чувство кај тинејџерите е желбата да се оддалечат од познатото.
Тие го прават тоа за да се пронајдат самите себе, но семејството во кое пораснале и во кое веројатно им е добро, сега се доживува на целосно нов начин. Тинејџерите бараат подобри верзии, сонуваат за нешто друго: за родители кои се покул, за подобра исхрана и поопуштена атмосфера. Меѓутоа, дури и кога се оддалечува, детето во целост зависи од односот што го имате. Истовремено сте и пресудни, но веќе и помалку важни.
Зошто тинејџерите сè повеќе ја губат самодовербата и стануваат самокритични? Зошто срамот на оваа возраст е посилен од порано, а стравот од погледите на другите понекогаш е речиси оневозможувачки?
Тинејџерските години се напорни, кревки и полни со животни случајности. Покрај тоа што другите ги гледаат поинаку, тинејџерите го менуваат и погледот што го имаат самите за себе. На адолесцентите никој не им се насмевнува како што е тоа случај со малите деца. Училиштето во нив ја всадува сериозноста што ги чека, а од друга страна и љубовните проблеми стануваат посложени.
Потрудете се барем вие да сфатите дека под лушпата создадена од проблемите се крие човечко суштество. Покажете разбирање и поддршка за оние кои навистина ја чувствуваат силата што се разбудила.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.